|
MILDING
Од 08.03.2007 година нашата компанија стана сопственик на фабриката Милош
Диманиќ од Власотинце специјализирана за цигларска индустрија, која е
преименувана во МИЛДИНГ по нашето превземање.
Фабриката датира од 1948 година која била во состав на МИН – Ниш. Оваа
фабрика проектира, произведува и монтира опрема за индустријата на градежни
материјали на база на глина. Ова е нејзин производен програм и долгорочна
оријентација.
Покрај тоа изработува, репарира, обработува и ги опфаќа сите делови за тешката и
полутешка индустрија од транспортери, запчаници, редуктори, витла, осовини,
вратила, вентилатори, сушари, машински построења мануелни како и со вградена
автоматика по барање на купецот. Во склоп на фабриката имаме сопствен машински
парк на простор од 3000 м2 и браварска работилница на простор од 3000 м2.
Исто така во склоп на фабриката поседуваме и ливница за лиење на сив лив.
Машинскиот парк поседува разни видови на стругови, глодалки, брусилки, машински
тестери, рендисалки, карусели, борверзи, бушилици, преси, апкани, рон машини,
машини за изработка на запчаници и назабени вратила, како и оддели за термичко
третирање на материјалите, оддел за гасно кроење и кофекционирање на ТВЛ (топло
валани лимови) со разни дебелини.
Линија за бесконечно заварување со ЕПП постапка како и голем број на мауелни
апарати за заварување.
АД Милдинг презентација
|