|
Одлеаноци
ПОРД Машинопроект нуди одлеаноци од челик, сив лив и обоени метали.
Челичните ливови се леени слободно во песок во дрвени калапи и во зависност од
структурата, со големина на одливокот до 6 тона, со наши и модели по порачка.
Во склоп на ливницата поседуваме лабораторија за испитување на хемиски и
механички карактеристики на одливокот.
Имаме голем број на наши модели, со кои ја покриваме градежната индустрија,
цементната индустрија (разни видови на плочи,запчаници), цигларска индустрија,
произведуваме делови за термоелектрани, за машиноградба и разни видови на тела
за индустриски арматури.
Лиеме различни видови на одливци во зависност од структурата на челикот
почнувајќи од:
Челични ливови за општа употреба,
Челични ливови за подобрување,
Челични ливови за цементација,
Челични ливови отпорни на абење,
Високо легирани челични ливови.
Одлеаноци од Сив лив со капацитет до 6 тона со квалитети од СЛ 10 до СЛ 40.
Лиење на обоени метали во песок и центрифугално лиење.
Со секој изработен дел издаваме А-тест за хемиски и механички карактеристики.
Производен програм
- pdf
|